Архитектот одлучи: Дортмунд се „сели“ во Ливерпул (ФОТО)

Навивачите на Евертон се сретнаа со американски архитект, кој им ги претстави плановите на новиот стадион.

Како што се планира, стадионот ќе има 50.000 места, ќе биде најубав во Англија, а проектиран е како вистинска тврдина.

Една од трибините зад голот ќе биде направена по примерот на живиот ѕид на Дортмунд, трибината ќе биде за стоење и капацитетот ќе биде од 12.000-15.000 места.