Асенсио сака да си замине од Реал Мадрид и преферира трансфер во Премиер лигата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот весник „Дон Балон“ пишува дека Марко Асенсио сакал да си замине од редовите на Реал Мадрид следното лето.

Играчот наводно посакувал трансфер во Премиер лигата, поточно во таборот на Манчестер Јунајтед, клуб кој е во потрага по крилен фудбалер.

Сепак, весникот пренесува дека Манчестер Јунајтед не планира да плати над 60 милиони фунти за услугите на Асенсио, сума која е премала за Реал Мадрид да го пушти својот фудбалер да си замине.