„АС“: Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвезда на Јувентус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се очекува наскоро Миралем Пјаниќ да го продолжи договорот со Јувентус, денеска „АС“ пишува дека Реал Мадрид би можел да тргне по неговиот потпис.

„Кралевите“ денеска најверојатно ќе останат без Матео Ковачиќ. Хрватскиот фудбалер ќе замине во Челси и така ќе се отвори дополнително место во екипата на Реал.

Тренерот на Реал, Хулен Лопетеги, има план за негова замена. „АС“ пишува дека неговиот прв избор е Тијаго Алкантара од Баерн Минхен, но наводно ќе се обидат да го ангажираат Босанецот доколку претходно не го ангажираат играчот на баварците.

Пјаниќ веќе неколку години е желба на тимот од Мадрид. Постојано се поврзува со преселба на „Сантјаго бернабеу“, а сега „кралевите“ би можеле да платат околу 80 милиони евра за него.