Атлетико Мадрид и Барселона трошат повеќе пари од Реал Мадрид


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Европските гиганти трошат преногу пари за засилувања, а иако многумина велат дека Реал Мадрид троши многу пари, сепак податоците покажуваат дека не е така.

Реал Мадрид со причина доби таква репутација, но во последните години приказната е различна. „Кралевите“ во последните три сезони потрошиле 249 милиони евра на засилувања, но тоа е доволно а трето место.

Убедливо прва е Барселона со неверојатни 613 милиони евра, а Атлетико Мадрид има потрошено 307 милиони евра.

Очигледно многу работи би можеле да се променат на лето затоа што „кралевите“ подготвуваат голем ремонт.