Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија – Совладана Малага (ВИДЕО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Ла Росаледа ја победија Малага во натпревар од 29-то коло во Ла Лига, 0:2.

Во 26-та минута од натпреварот Коке му донесе водство на Атлетико Мадрид.

Филипе Луис петнаесетина минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 0:2.

После оваа победа Атлетико Мадрид ќе се искачи на третата позиција со еден бод повеќе од четвртопласираната Севиља која утре игра против Спортинг Хихон.