До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Реал Мадрид последниве денови владее напната атмосфера каква што ретко се гледа во најголемиот клуб на светот. Во центарот на приказната е Килиан Мбапе и неговата повреда која предизвика сериозен конфликт.
Во Мадрид моментално тлее сериозен интерен конфликт помеѓу управата на Реал Мадрид и луѓето кои се грижат за кариерата на Килијан Мбапе.
Причината е повредата на француската ѕвезда и несогласието околу терминот за негово враќање на теренот.
Клубот е под огромен притисок од резултати, особено поради претстојните натпревари во Лигата на шампионите.
Во таква ситуација во Реал посакуваат Мбапе да биде подготвен за реваншот против Манчестер Сити.
Меѓутоа, тимот на играчот на ова гледа сосема поинаку. Луѓето блиски на Мбапе категорично одбиваат кој било ризик од прерано враќање на теренот.
Нивниот став е јасен – здравјето на играчот мора да биде апсолутно приоритет.
Особено поради фактот што до почетокот на Светското првенство 2026 година остануваат околу 100 дена.
Претставниците на Мбапе стравуваат дека забрзувањето на опоравувањето може да доведе до сериозна и долгорочна повреда.
Според некои новинарски извори блиски на играчот, ситуацијата е многу посериозна отколку што јавно се претставува.















