АТП Виена: Колшрајбер и Рамос во 1/8-финале


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Филип Колшрајбер и Алберт Рамос-Винолас обезбедија пласман во 1/8-финалето на турнирот во Виена.

    Германецот имаше многу потешка работа. Тој беше подобар од Роберто со 4:6, 6:3, 7:6.

    Шпанецот Винолас беше подобар од Фоњини со 2:0 во сетови, односно 2 пати по 6:2.

    На останатите натпревари Иснер беше подобар од Лопез по голема борба со 7:6, 3:6 и 7:6, Карловиќ победи во „балканското дерби“ против Џумхур со 7:6, 4:6 и 7:6 додека Мареј беше подобар од Клизан со 2:1 во сетови.

    Турнирот во Виена се игра за награден фонд од 1.884.645 евра.