Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Енди Мареј очекувано ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето беше подобар од Жо Вилфред Цонга во 2 сетови, со 6:4 и 7:6.
Мареј така ја намали дополнително разликата зад Ѓоковиќ на 1-то место на АТП листата.
Во понеделник почнува последниот Мастерс во сезоната, каде што на Мареј му е потребно Ѓоковиќ да биде сопрен пред финалето, за да го престигне во Лондон.
Мареј го победи Цонга по 8-ми пат во нивниот 12-ти меѓусебен дуел и така ја продолжи својата победничка низа.
Првиот сет го реши со брејк во вториот гејм, а слично нешто направи и во вториот, но потоа пропушти 3 шанси за 4:1, па Цонга врати со брејк на крајот.
Натпреварот беше завршен во тај-брејк, по серијата од 4 мини-брејк на стартот следеше жестока борба, а на крајот Мареј го победи Цонга и со 8:6 стигна до победата.