Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пуј успеа да ја освои својата прва титула во кариерата, откако го победи Тим со 7:6, 6:2.
Презадоволниот 22-годишен тенисер изјави:
„Многу сум среќен што ја освоив првата моја титула токму тука. Играв добро уште од почетокот.“
„Сега можам да се одморам и да се подготвам за Кина.“
„Откако го победив Ферер во Мајами, не постоеше момент на пад на мојата форма.“
Во Мец, Пуј освои 83% од поените на прв сервис и го зачува единствениот брејк поен кој го имаше противникот.
Тим, кој се наоѓа на 10-то место на АТП листата, изјави:
„Беше многу добар прв сет за двајцата, немаше многу шанси за брејк.“
„4-0 беше во тај-брејкот, но Лукас беше подобар играч и ја заслужи првата титула.“