Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите во Франција, фудбалерот на Пари Сен Жермен, Серж Ауриер ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед.
Според информациите, Унаи Емери немал ништо против репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска да го напушти вицешампионот на Франција.
Жозе Мурињо сака да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција каде неприкосновен минатата сезона беше Антонио Валенсија. Втор избор беше Матео Дармиан, додека шанса добиваше и младиот Тимот Фосу Менза.
Сепак, Ауриер нема дозвола за влез во Англија поради тоа што е обвинет за напад, па за трансферот прво да се реализира ќе треба десниот бек да биде ослободен од сите оптужби.