АЦБ лига: Билбао ја изненади Барселона


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарите на Билбао им го нанесоа првиот пораз на Барселона во оваа сезона во АЦБ лигата.

    Тие на домашен терен ја победија Барселона со 92:79 во 4-то коло.

    Во првите 10 минути домаќинот имаше 9 поени предност, а потоа Барселона одговори со подобра игра во вториот дел.

    На одморот се замина со водство на Билбао од 38:34. И во 2-то полувреме Билбао беше подобар ривал, па така стигнаа до победата.

    Скот Бамфорт со 25 поени беше најдобар кај Билбао, а во редовите на Барселона најдобар беше Рајс со 29 поени и 6 скокови.