Баерн ја идентификува замената за Робен: Азар пристигнува на „Алијанц Арена“

Како што пренесува германскиот „Кикер“ од редовите на Баерн Минхен го посочиле Торган Азар како идеална замена за Арјен Робен.

Белгискиот интернационалец блеска во редовите на Борусија Мехенгладбах и со своите настапи го привлече вниманието и на неколку тимови од англиската Премиер лига.

Сепак, „Кикер“ пишува дека Баерн Минхен е во пол позиција за неговиот трансфер и речиси сигурно Азар на лето ќе се пресели на „Алијанц Арената“.