Барселона го тестира Ливерпул: Испраќа нова понуда за Бразилецот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Вице-шампионот на Шпанија, тимот на Барселона ќе го тестира раководството на Ливерпул по втор пат, откако првата нивна понуда од 73милиони беше одбиена.

Каталонскиот гигант иако еднаш беше одбиен од Ливерпул, сега се враќа со подобрена понуда за бразилскиот репрезентативец од 80 милиони евра.

Иако тренерот на „Црвените“, Јирген Клоп јавно кажа дека Филип Кутињо не е на продажба, Барселона упорно инсистира да го доведе во своите редови.

Ова не е првпат ѕвездите да си заминат од Ливерпул, откако минатото лето Суарез и Стерлинг го напуштија клубот и заминаа во Барселона односно Манчестер Сити.

Иако англиските медиуми веруваат дека Клоп го убедил Филип да остане на „ЕНфилд“, последниот збор ќе го има играчот.