Барселона има нова трансфер цел за нападот

Од таборот на Барселона веројатно ќе донесат напаѓач во јануарскиот преоден рок кој би требало да претставува долгорочна замена за Луис Суарез.

Валверде има список од неколку потенцијални играчи за нападот, а на истиот сега го додаде и напаѓачот на Селта Виго, Макси Гомез.

Шпанските медиуми пренесуваат дека уругвајскиот напаѓач би чинел околу 50 милиони евра, а Барселона за неговиот потпис ќе се соочи со Атлетико Мадрид кој исто така го сака во своите редови.