Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона влегоа во историјата на шпанскиот фудбал по денешната победа над Валенсија во рамките од 32. коло од Ла Лига.
Каталонците во дербито славеа против гостите од Валенсија со 2:1 и така стигнаа до бројката од 39 натпревари по ред во шампионатот во кои немаат забележано пораз.
Иако шокантно испаднаа од Лигата на шампионите од тимот на Рома, избраниците на Валверде брзо дојдоа при себе и со головите на Луис Суарез и Самуел Умтити и нанесоа пораз на Валенсија. Утешниот погодок за „Лилјаците“ го постигна Дани Парехо во 87. минута од средбата.
Резултати:
Севиља- Виљареа 2:2
Барселона- Валенсија 2:1