Барселона убедлива против Бенидорм – Четири погодоци на Лазаров и девет одбрани на Борко во 20-та победа во низа во Асобал на каталонците


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Ракометарите на Барселона убедливо на домашен паркет го победија Бенидорм во натпревар од 20-то коло во Асобал, 38:28.

Каталонците првото полувреме го добија со 21:13. Во вториот дел каталонците повторно беа подобри и на крајот победија со 38:28.

Саубич и Недесбо ја предводеа Барселона со по 6 погодоци. Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров постигна 4 погодоци, а македонскиот голман, Борко Ристовски натпреварот го заврши со 9 одбрани. Кај Бенидорм најефикасен беше Давид Хименез со 9 погодоци.

20-та победа за Барселона во исто толку натпревари во Асобал оваа сезона.