Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на програмата од Светското првенство во Франција од 20:45 се одиграа 2 натпревари.
Првиот натпревар кој се играше помеѓу тимовите на Катар и Данска, го доби тимот на Данска со 32:29.
Данска одлично го започна натпреварот и неколку пати во првото полувреме имаше водство од 2 разлика, но во финишот од натпреварот Катар се врати во натпреварот и на полувремето замина со предност од 16:14.
Вториот дел започна како кошмар за Данците, кои имаа негатива и од 5 разлика, но потоа успеаа да направат неколку серии и да го превземат водството и на крајот да стигнат и до победа која ги однесе до првото место во групата.
Најдобари во тимот на Данска беа Дамгард со 6 голови и Киркелоке со 7 голови.
Во вториот натпревар Белорусија успеа со победа против Унгарија од 27:25 да стигне до 3-то место во групата.
Натпреварот подобро го отвори Белорусија која успеа на полувремето да замине со 2 поени разлика, односно резултат од 15:13.
Во вториот дел продолжија со одличната игра и на крајот успеаа да стигнат до победа.
Најдобри стрелци кај Белорусија беа Броука и Пуковски со по 6 постигнати голови.