„Бејл е 100% подготвен!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зидан изјави дека еден од најдобрите фудбалери во тимот, Бејл е целосно подготвен за предизвиците кои доаѓаат.

Тој во ноември минатата година се повреди во дуелот со Спортинг Лисабон поради што беше надвор од терените 3 месеци.

Бејл наредниот натпревар би можел да го одигра од почеток до крај, а тоа го потврдува и изјавата на Зидан.

„Тој е 100% подготвен. Целосно оздраве од повредата и минатите денови работеше со нас на тренинзите со нормален интензитет.“

Реал Мадрид игра против Виљареал од 20:45.