Бејл ја откажа венчавката со неговата девојка Ема!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Герет Бејл требаше да се венча во еден италијански замок летово, но се откажа затоа што имаше проблеми со вереницата Ема Рис-Џонсон.

Ѕвездата на Реал мадрид и неговата девојка се познаваат од детството, а неодамна добија и трето дете. Иако требаше да се венчаат летово, сепак се откажаа поради семејни проблеми.

„Сан“ пишува дека проблемите се создале, откако таткото на Ема излегол од затвор.

Ема сака да ги расчисти односите со таткото, кој беше шест години во затвор затоа што правел измами за пари и „украл“ три милиони долари.