Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез не игра на посакуваното ниво од пристигнувањето на „Олд Трафорд“, а сега е во нови проблеми.
Додека се загревал покрај аут-линијата, Санчез се судрил со помошникот судија и сега не е познато дали ќе игра во ФА-купот против Челси во понеделник.
Чилеанецот требаше да влезе на местото на повредениот Џеси Лингард, но сега Оле Гунар Солшер има дополнителна главоболка.
Судијата Фабијано Прети бил посилен во „дуелот“ со Санчез, а повредата на Чилеанецот е една од најбизарните во историјата.