Биланс на преодниот рок: Смешна е споредбата помеѓу ПЛ и останатите!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кога ќе ги споредите бројките, се останато ќе изгледа смешно во споредба со ПЛ. Италијанските клубови потрошија вкупно 50 милиони во јануари. Никој од големите клубови не купуваше, Интер ги донесе Лисандро Лопез и Рафиња на позајмица, Наполи остана без засилувања, Милан нема пари, а на Јувентус засилувања не му се потребни.

Англичаните потрошија десет пати повеќе од Италијаните, скоро половина милијарда евра.

Најголеми трансфери во Англија беа најскапите стопер во светот Ван Дајк, кој пристигна за 85 милиони евра во Ливерпул, Арсенал потроши 63 милиони евра на Обамејанг, а го менуваше Михтаријан за Санчез додека Сити плати 65 милиони за Лапорт, а Челси ги донесе Палмиери и Жиру.

Што се однесува до шпанската лига, Реал не потроши ништо, а во лигата се донесени играчи за 271 милион, а импресивен податок е тоа што дури 160 милиони евра беа потрошени на Кутињо додека за останатите засилувања вкупно беа потрошени 111 милиони евра.