Бил на прагот на Манчестер јунајтед, но потоа сè се претворило во хорор


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешен парагвајски репрезентативец, Салвадор Кабањес кој во 2007. година беше прогласен за најдобар играч во Јуќна Америка беше на праг во Манчестер јунајтед, а Алекс Фергусон инсистирал на неговиот трансфер.

Сепак, тоа не се случило поради инцидент на 25. јануари 2010. година, Кабањас бил на забава во ноќен клуб во Мексико сити, а околу пет часот наутро бил застрелан во глава.

Наводно, Кабањас се скарал со мафијаш, кој на крајот го застрелал.

Неговата жена подоцна објави дека се обидел мафијашот да го ограби Кабањас, кој му се спротиставил, но на крајот добил куршум во глава, по што следела борба за живот во ургентен центар.

Еден месец подоцна, Кабањас бил пуштен од болница, по што оздравел, но не се нашол на списокот на Парагвај за Мундијалот, па во 2014. година реши да се повлече.

За Парагвај има одиграно 44 натпревари и постигнато десет голови.

„Потпишав преддоговор за 1,5 милиони евра со еден клуб од Европа. Ми рекоа дека тоа е Манчестер јунајтед. Клуб Америка ми даде двојно поголема плата и ми даде стап во Акапулко, па така ме задржа“, вели Кабањас.