Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Од таборот на Валенсија потврдија дека нов играч на клубот е рускиот репрезентативец, Денис Черишев.
Черишев доаѓа на едногодишна позајмица од таборот на Виљареал, а по крајот на сезоната неговиот договор ќе може да биде откупен и во целост.
Русинот одигра одлично на Светското првенство кое се одржа во неговата земја и со тоа го привлече вниманието на неколку европски тимови.
Валенсија изгради сосема респектабилен тим за следната сезона, а пред неколку дена ги објави и трансферите на Кевин Гамеиро и на Мичи Батсуаи.