Боатенг и официјално потпиша со Барселона: Откако сонот му остана неостварен, како против Реал во „Ел Класико“?! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот репрезентативец на Гана, Кевин Принс Боатенг, денес е официјално претставен како ново засилување на Барселона.

Боатенг на „Камп Ноу“ пристигна како позајмен играч од Сасуоло до крајот на оваа сезона, а Барселона тоа ќе ја чини околу два милиони евра. Барса ќе има можност да го откупи неговиот договор за осум милиони евра доколку бидат задволни од партиите на 31-годишниот фудбалер.

Меѓутоа, не се воодушевени баш сите навивачи на Барселона, што Боатенг потпиша за овој клуб. Имено, тој во минатото во своите изјави знаеше да го критикува каталонскиот клуб, а во една прилика изјави дека сака да заигра во дресот на Реал Мадрид.

Оваа изјава веднаш се најде во центарот на вниманието, а видето го објави Марка на твитер. Но, Боатенг се ообиде сето тоа да го искалкулира со вчерашната изјава дека се што зборувал треба да се заборави, и дека сега единствена желба му е да постигне погодок против Реал во „Ел Класико“ и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

„Повеќе навивам за Реал Мадрид отколку за Барселона во Ел Класико. Тоа е клубот за кој би сакал са играм еден ден. Уште како дете ми се допаѓаше тој бел дрес на Реал Мадрид“, истакна своевремено Боатенг.