Болница во Милан: Уште еден фудбалер ќе паузира подолг период

Од таборот на Милан потврдија дека Матео Мусакио ќе отсуствува од терените во следните два месеци.

Аргентинскиот стопер се повреди на дуелот со Реал Бетис во вчерашниот ден, а по дополнителните прегледи  беше обелоденето дека настрадале вкрстените лигаменти.

Тоа значи дека Мусакио од прилиа ќе паузира два месеци и ќе пропушти добар дел од натпреварите на Милан, почнувајќи од дербито со Јувентус.

Покрај Мусакио, Гатузо во одбраната веќе подолго време го нема засилувањето од Јувентус, Матија Калдара.