Болт замина на проба во Австралија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт не се откажува од фудбалската кариера и во наредниот период ќе биде на проба во австралискиот прволигаш Сентрал Кост маринерс.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри ќе биде на проба дури шест недели, по што ќе биде решено дали ќе добие договор или не.

Медиумите пишуваат дека двете страни се договориле за условите во случај Болт успешно да го одработи пробниот период. Се очекува клубот да му плати 70% од платата, додека останатите 30% ќе ги финансира Фудбалската федерација на Австралија.

Болт претходно тренираше со фудбалерите на Борусија Дортмунд, а одигра и пријателски натпревар за норвешки Стромсгодсет против јуниорската селекција на Норвешка.