„Бомба“ во Лондон: Насри се враќа во Премиерлигата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во последните 18 месеци го нема никаде поради суспензијата, сепак поранешниот француски репрезентативец би можел да се врати во Премиерлигата.

Англиските медиуми пишуваат дека Насри се наоѓа во Лондон и во тек се медицински прегледи, по што би требало да потпише за Вест хем.

Оваа вест посебно ги изненади навивачите затоа што Насри година ипол нема играно фудбал поради користење на допинг.

Сепак, на неговиот трансфер инсистирал Мануел Пелегрини, со кој соработуваше во Манчестер сити.

Според истите шпекулации договорот би бил потпишан на краток период, со плата од 92.000 евра, а потребата да се ангажира уште еден ваков фудбалер се јави по повредата на Андреј Јармоленко.