Бомба на „АС“: Реал Мадрид носи големо засилување до крајот на преодниот рок (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид ќе направат уште еден, последен обид во своите редови да ја донесат младата сензација на ПСЖ, Килијан Мбапе.

„АС“ пренесува дека раководството на актуелниот шампион на Европа не губи надеж дека ќе го ангажира најталентираниот играч на светот до крајот на преодниот рок на 31 август.

Медиумот пишува дека ПСЖ до крајот на летниот преоден рок ќе мора да продаде еден играч за да избегне санкции од УЕФА поради кршењето на Финансискиот фер плеј.

Ако клубот од Париз биде притиснат со сериозни санкции, јасно е дека ќе мора да се откаже од некоја од своите најголеми ѕвезди.