„БОМБА“ од Мадрид: Роналдо се предомислил за својата иднина!?

Постојано негираше дека ќе замине од Реал Мадрид, но очигледно постои можност да си го прекрши зборот.

Луис Фелипе Сколари му беше тренер на Кристијано Роналдо во Португалија, а сега открива некои интересни детали од нивниот разговор.

Тие вчера разговарале за Кина на свеченоста за прогласување на најдобар португалски фудбалер.

„Роналдо ме прашуваше каков е животот во Кина, а јас му го дадов најдобриот можен совет. Кина фудбалерите може да ја доживеат различно, но Роналдо е индустрија и бренд, кој би бил многу популарен во најмоќната земја во светот“, вели Сколари.