Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Борусија Дортмунд се подготвени да ги слушаат понудите за Пјер Емерик Обамејанг.
Иднината на репрезентативецот на Габон беше предмет на бројни шпекулации во минатите години, а сега изгледа дека на тоа ќе му дојде крај затоа што од Дортмунд се подготвени да заработат на напаѓачот. „Милионерите“ за Обамејанг бараат 70 милиони евра.
Има многу клубови кои се интересираат за одличниот напаѓач, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува екипата на ПСЖ. Покрај ПСЖ интерес за Обамејанг има и од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити и Милан.
Договорот на Габонецот со Борусија Дортмунд е со важност до 2020 година.