Борусија со рутинска победа до врвот во Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд немаше големи проблеми на гостувањето во Хамбург каде успеа да слави победа со 3:0.

Шинџи Кагава ги донесе „Милионерите“ во водство во 24. минута од натпреварот на асистенција на Омер Топрак. На 2:0 зголеми Пјер Емерик Обамејанг на средината на второто полувреме, а конечниот резултат го постави Кристијан Пулишиќ во 79. минута.

Со оваа победа тимот на Борусија Дортмунд ја зазеде првата позиција пред Баерн Минхен кој е еден бод зад „Милионерите“.

Хановер пропушти да слави против Фрајбург и со тоа да го преземе врвот на табелата. Избраниците на Брајтенрајтер во последните минути од натпреварот примија гол и со тоа го прокоцкаа водството од 1:0 кое тешко го стекнаа со голот на Харник. Сепак Фрајбург изедначи во 83. минута со голот на Петерсен.

Резултати:

Келн – Ајнтрахт 0:1

Фрајбург- Хановер 1:1

Херта- Баер Леверкузен 2:1

Мајнц- Хофенхајм 2:3