Братот на играчот на Сити открива: Јаја Туре се сели во Франција?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Играчот за врска од Брегот на слоновата коска, Јаја Туре се наоѓа во немилост на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

    Туре сеуште нема одиграно ниту еден натпревар за Сити од почетокот на сезоната, па јасно е дека ќе го напушти клубот во јануари.

    Неговиот брат и поранешен играч на Сити, Коло изјави дека Марсеј е сериозно заинтересиран за него.

    „Да, зошто да не? Тој сеуште има талент и некои работи сеуште може да се докажат. Јасно му е дека моментално е многу тешко во Сити. На врвот си во еден момент, а потоа на дното.“

    „Мораш да одиш на место каде што луѓето те сакаат. Разговарав со него за тоа. Тој сеуште е во Сити и го почитува тоа, но Марсеј е одличен клуб и тој ја го познава францускиот клуб многу добро.“

    Коло Туре во овој момент е член на Селтик, а претходно настапуваше за Ливерпул.