Брајтон донесе напаѓач од Лестер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Брајтон го потврди трансферот на досегашниот фудбалер на Лестер, Леонардо Уљоа кој во тимот доаѓа на шестмесечна позајмица.

Пред три и пол години Уљоа токму од Брајтон се пресели во редовите на Лестер и имаше сосема солидна прва сезона за „Лисиците“.

Сепак, сега падна во трет план зад Варди и Слимани и мораше да бара решение за својата иднина. Од Брајтон истакнаа дека се презадоволни што го имаат Уљоа повторно во составот.