Брајтон се засили од Валенсија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брајтон потврди дека во своите редови го донесе сега веќе екс голманот на Валенсија, Метју Рајан.

Новиот Премиерлигаш со интернационалецот од Австралија потпиша петгодишен договор за рекордна клупска сума.

Метју Рајан ќе се приклучи на тимот веднаш по завршувањето на Купот на Конфедерации.

„Пресреќен сум што успеавме да го доведеме Метју во клубот и тој сигурно ќе биде одлично засилување за нашиот состав за првата сезона во Премиер Лигата.“- изјави Крис Хатон, тренерот на Брајтон.

Метју Рајан дел од минатата сезона со успех го носеше дресот на Генк како позајмен фудбалер од Валенсија.