Брзиот Педроса славеше во Сан Марино


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На денешната трка во Мисано на патеката Марко Симончели славеше возачот на Хонда, Дани Педроса.

Уште на стартот на трката Валентино Роси го презеде водството од Лоренцо. Педроса стартуваше осми, но пополека ги престигнуваше сите што му стоеја на патот. Му немаше рамен на патеката на брзата Хонда. Возачот на Репсол Хонда го престигна Роси во последните кругови и водството го задржа до крај. Втор заврши Валентино Роси. Трет клупскиот колега, Хорхе Лоренцо. Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез не можеше да ги стигне првите тројца и заврши четврт. Возачот на Сузуки, Маверик Вињалес заврши пети, Довицизо и клупскиот колега Пиро завршија на шестата и седмата позиција. Крачло заврши осми, Пол Еспаргаро девети, а 10-ти Алваро Баутиста.

Трката не ја завршија Алеиш Еспаргаро, Форес, Лоус и Рабат.