Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси нема играно за Аргентина од завршувањето на Светското првенство во Русија и поразот од Франција во осминафиналето од 3-4.
Не беше познато дали Аргентинецот ќе се врати во репрезентацијата за која постигна 65 голови на 128 натпревари или можеби ќе ја заврши кариерата.
Сепак, тие може да здивнат бидејќи генералниот менаџер Хорхе Буручага најави дека ѕвездата на Барселона наскоро ќе заигра во националниот тим.
„Уште не е познато кога ќе се врати Меси, но тоа нема да биде до наредната година. Нема шанси повторно да не заигра за нашата репрезентација“, кажа Буручага.