Буфон руши рекорди: Само еден е подобар од него!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Голманот на Италија, Буфон го израмни европскиот рекорд по број на настапи за националниот тим кој го држеше легендарниот Икер Касиљас.

    Буфон помина 45 минути на голот на Италија во пријателскиот натпревар со Германија и така по 167 пат ги бранеше боите на својата земја.

    Одличниот голман на Јувентус на полувреме беше заменет од Донарума од Милан, а натпреварот заврши без голови.

    Светскиот рекорд по број на натпревари во дресот на репрезентацијата го држи Ахмед Хасан, кој дури 184 пати бранеше за Египет.