Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Вавринка, Норман изјави дека Вавринка сеуште не е на врвно ниво, кое би му овозможило да игра како на УС Опен.
Вавринка го освои последниот Грен Слем во сезоната, но до доаѓање во Њујорк немаше убава сезона, бидејќи беше поразен во 3-то коло на Австралијан Опен и во 2-то коло на Вимблдон.
„Имаше падови и успеси, но тоа е нешто на кое работиме секој ден, повеќе или помалку. Сеуште не го најдовме вистинскиот клуч и начин тој да игра постојано во добра форма. Но, кога ќе влезе во ритам кога игра голем број натпревари, тешко е било кој да го победи.“
Норман смета дека Вавринка има се што е потребно тој да го победи Ѓоковиќ во иднина.
„Вавринка е еден од неколку играчи кои успеваат да го измачат Ѓоковиќ иако има добар ден. Дури мислам дека на УС Опен, Вавринка играше поинаку отколку на другите Грен Слемови. Играше подефанзивно, а тоа е нешто за што исто така разговараме.“