Вакво нешто ретко се гледа: Брозовиќ на фантастичен начин го блокираше слободниот удар на Суарез (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот интернационалец и член на Интер, Марсело Брзовиќ со еден потег го обиколи светот на фудбалот.

Имено, популарниот Брозо на натпреварот против Барселона, при резултат 1:0 за домаќините, направи еден ретко виден потег кој веднаш му донесе место на социјалните мрежи. Знаејќи дека Суарез може да бие по земја, под живиот ѕид, Брозовиќ легна зад своите соиграчи и на тој начин го блокираше ударот на Уругваецот.