Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англија игра одлично на Мундијалот во Русија. Никој не им даваше шанси дека ќе стигнат дури до полуфиналето, но тие дефинитивно имаат шанси и за многу повеќе.
Тајната на успехот лежи во (не)нормалните подготовки, кои им помогнаа да бидат успешни досега.
Психологија на еднорог
Сесијата во базен е важен дел од рехабилитацијата по натпревар, а трката на еднороги ја оживува досадната рутина и развива заедништво во екипата. Пораката е јасна. Кампот на Англија е забавно место и тоа сакале да го поделат со навивачите.
Тренинг на маринци
Англиските репрезентативци минатата година имале тренинзи и во Девон, каде што се наоѓа тренинг-центарот за маринци.
„Беше добро за нашите играчи да разберат дека кога ја претставуваат својата земјата последиците на неуспехот се многу поголеми. Момците во маринците се слична возрасна група како нашите првотимци“, кажа Саутгејт.