Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванда Нара имала лошо влијание на Мауро Икарди, зашто ја интересирале само парите, ако може да пресудиме според изјавата на поранешниот агент на аргентинскиот фудбалер Аблан Морено.
Ванда е сопруга и претставник на Икарди, а токму таа е задолжена за преговорите со Интер за продолжување на соработката.
„Икарди покажа дека е добар на теренот. Сепак, неговата околина лошо влијае на него. Икарди покажа дека многу напредувал во Италија, зашто неговиот менталитет е совршен за настап во Серија А. Ванда размислува само за пари, а не за вредностите кои ги има Мауро како капитен на Интер“, вели Морено.
Договорот на капитенот на Интер трае до 2021 година, а ако го продолжи, Икарди би требало да остане во клубот до 2023 година.