Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар со победа ја стартуваа одбраната на титулата во најелитното ракометно натпреварување.
Избраниците на Раул Гонзалез со 27:22 славеа на гостувањето кај полскиот претставник, Висла Плоцк.
Нашиот шампион со добра игра во одбраната водени од Арпад Штербик ги запреа налетите на домашниот тим и го однесоа целиот плен од Полска. На почетокот на вториот дел беше 15:15, а потоа тргна офанзивата на „црвен-црниот“ тим.
Најефикасен кај Вардар беше џинот Кристопанс кој беше стрелец на четири погодоци, а Штербик мечот го заврши со 10 интервенции зад своето име.