Вардар доби засилување – Пристигна од најлутиот ривал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бесир Демири е нов фудбалер на Вардар.

Демири играше за Шкендија, а во минатото го има носено и дресот на Шкупи. Тој потпиша 3-годишен договор со Вардар.

„Задоволството е големо што станав дел од Вардар. Ова за мене е голем предизвик. Се надевам дека ќе ги исполниме амбициите на раководството на екипата. Амбициите и целите ми се познати, а тие тие се двојна круна оваа сезона. После тоа да направиме успех и на меѓународна сцена. Среќен сум што станав дел од Вардар, и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Да се подготвиме добро за предизвиците во пролетниот дел од сезоната. Со голем дел од играчите на Вардар се познавам од настапите во Првата лига и во младинската репрезентација, и мислам дека ќе немам проблем околу адаптацијата“, изјави Демири.

Демири игра на позицијата лев бек и од клубот му посакаа многу среќа во дресот на Вардар, многу успешни настапи на домашната и на меѓународната сцена и многу титули во дресот на најтрофејниот македонски клуб.