Вардар е амбициозен клуб и направив вистински избор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова што Вардар го има веројатно не може да се споредува со ниту еден друг клуб во Европа, или со многу малку. Освен Рајн Некар Левен каде имам настапувано, никој друг клуб немал свој спортски комплекс каде тренира, се подготвува, хотел, теретана. Ова повеќе личат на фудбалски отколку ракометни услови.

Еден од најголемите ракометни трансфери ова лето во Европа беше доаѓањето на Иван Чупиќ во Вардар.

„Искрено и повеќе од тоа. Секогаш кога ќе дојдеш во нов клуб првите денови се малку во мешаници, околу сметки, прегледи, договарања, па и не стигнав многу да видам нешто од градот. Што се однесува до екипата знаев доста од играчите и од порано, а запознав и неколку помлади. А околу салата и условите за тренирање, ресторанот, теретаната. Би требало да има повеќе клубови како Вардар, зашто тоа е иднината на ракометот. Ова што Вардар го има веројатно не може да се споредува со ниту еден друг клуб во Европа, или со многу малку. Освен Рајн Некар Левен каде имам настапувано, никој друг клуб немал свој спортски комплекс каде тренира, се подготвува, хотел, теретана. Ова повеќе личат на фудбалски отколку ракометни услови“, изјави Чупиќ.

„Тоа повеќе беа новинарски пишувања отколку вистина. Имав рутински преглед после мечот со Аргентина, и веднаш имаше информации за повреда, но јас ја одработив цела олимпијада и доаѓам во Вардар целосно здрав и подготвен за новата сезона“, додаде Чупиќ.

„Загубивме со 10 гола разлика во Скопје, лани и тоа беше најтежок пораз на Кјелце откако сум јас таму. Но, и Вардар е клуб што е амбициозен. Ме заинтригира токму со својата амбиција, со својот претседател и што секоја година се засилува, па сега мораме да играме уште подобро.“

„Клучно беше што е клуб со големи амбиции што сака да игра на Ф4, да ја освои лигата на шампионите. Во Кјелце малку и се заситив во овие четири години. Во последниот период имаше и доста промени, доста подмладувањња на екипата. Таму за 4 години освоив се, и ЛШ и првенство на Полска и Купот. Вардар сега е голем предизвик за мене и сите нас. Клубот има големи амбиции и оди чекор по чекор. Го почувствував тоа и во разговорот со претседателот на клубот кој заедно со тренерот сакаа да ме видат и се надевам дека изборот е одличен за Вардар да биде мојот нов втор дом“, објасни Чупиќ.

„ Имав разговори и со сите мои соиграчи. Кога доаѓаш во ново место треба да имаш повеќе информации. Но, одлуката беше само моја. Се распрашував за тоа каков е клубот, тренерот, како се тренира, какви се навивачите. Преку нив дознав дека градот живее за ракометот, а тука и играв па тоа го знам. Тоа те влече, и знам дека не сум погрешил во изборот.“

„ Јас би сакал сите четири, и сите истото го сакаат. Сигурно дека не смееме да ги прескокнуваме мечевите, да одиме по ред и да се сконцентрираме на секој меч. Првата цел е да стигнеме до Келн. Јас четирипати играв таму. Во Келн нема фаворити и се е можно. Првата задача за годинава ни е Келн, а потоа ќе видиме.“

„ Кога ја гледаш нашата група и онаа другата, тогаш можеш да сметаш дека најголема шанса имаме ако сме прво или второ место во групата. Тука кај нас никој не ефаворит ако се игра реваншот. Вардар тоа го покажа неколку пати. Вардар возвратните за Ф4 досега ги играше во гости.“

„ Очекувам да играм, и што побрзо да почнам да играм, зашто никој не сака само да тренира. Тоа е млада екипа, и Лино Червар секоја сезона менува, микса. Но, знаеме дека сме поквалитетни. Се е тоа на хартија. Сега мораме да играме на гости и да се покажеме во своето вистинско светло и да победиме.“

„ Секоја година се засилува СЕХА лигата, сега има и словенечки тимови. Ние заедно со Веспрем сме фаворити на хартија, но сме преискусни уште сега да мислиме пред да дојде време за Ф4. Треба да се обидеме да победуваме, да не се задоволиме со моментни резултати, туку да одиме натпревар по натпревар, и да се подготвуваме.“

„Може, секако. Пик се засили, Кјелце е првак, Вардар работи напорно. Загреб и Мешков секогаш се незгодни. Кјелце и Вардар би требало да се бори за првото место, но и другите сигурно си имаат свои математики. Верувам дека можеме да ги освоиме првото или второ место и тие ни даваат големи шанси за Ф4. Секогаш е убаво да се биде прв, отколку втор“, заклучи Чупиќ.