Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар одиграа нерешено Веспрем во Унгарија во натпревар од СЕХА лигата, 28:28.
Вардарци одлично го започнаа натпреварот, со голема серија од четири погодоци, 0:4. Деревен и Чупиќ зголемија на 1:6. Домашните ракометари во четиринаесетата минута од првото полувреме намалија на 5:7. Преку Лекаи и Сулиќ, Веспрем намали на 7:8. После дваесет минути игра на паркетот, Вардарци имаа водство од 7:10. Лекаи во првото полувреме беше најрасположен за игра и со два погодоци во серија за прв пат на натпреварот видовме израмнување, 11:11. Со погодокот на Илиќ резултатот на полувреме беше израмнет, 12:12. На стартот на второто полувреме Веспрем по подолго време го презеде водство, Маргуч и Сулиќ погодија за 14:12. Ракометарите на Вардар во 38-ма минута го израмнија резултатот, 15:15. Со серија од три погодоци на домашните, унгарскиот клуб стигна до водство од 20:17. Преку Дујшебаев и Циндриќ, Вардарци намалија на 23:21 десет минути пред крајот на натпреварот. Циндриќ и Дибиров во 52-ра минута погодија за еден негатива, 25:24. Пет минути пред крајот на натпреварот на семафорот стоеше 27:25 за Веспрем, а Тимур Дибиров промаши пенал за намалување на еден негатива. Борозан и Циндриќ ја вратија негативата на само погодок предност, 28:27. Во нападот за победа, Нилсон направи пробивање и му овозможи на Вардар напад за нерешено. Карачиќ во последната минута погоди од 7 метри за реми.
Момир Илиќ го заврши натпреварот најефикасен во Веспрем со шест погодоци до победа. Кај Вардар најефикасен беше Циндриќ со 6 погодоци од 6 обиди. Тимур Дибиров и Вуко Борозан постигнаа по 5 погодоци. На голот на Вардар одличен беше Петар Ангелов кој запиша 11 интервенции.
Прв пораз за Вардар во СЕХА оваа сезона.