ВАР-системот доаѓа на Балканот: Хрватска имплементира видео-технологија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Видео-технологијата со голема брзина го освојува европскиот фудбал и наскоро ќе се имплементира и во Хрватската прва лига.

Хрватски „24сата“ пишува дека хрватската лига од сезоната 2019/20 ќе има ВАР-систем, а за негова имплементација Хрватскиот фудбалски сојуз ќе плати само 20%.

Поголемиот дел од трошоците, односно 80% ќе го плати ФИФА, а клубовите ќе бидат поштедени затоа што од нив се очекува да обезбедат простории во кои ќе бидат сместени ВАР-судиите.

Судиите во пролет ќе одат на обука, па ќе научат некои работи со кои ќе се избегнат грешките на фудбалските натпревари.