Венгер не планира да замине од Арсенал до истекот на договорот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека нема намера да го напушти клубот пред истекот на неговиот договор кој завршува на лето 2019 година.

Венгер ова го потврди по натпреварот кој Арсенал вчера го одигра со Остерсундс од Шведска во рамките од Лигата на Европа.

„Секогаш ги почитувам договорите кои ги имам. Морам да ве потсетам дека ги одбив најголемите клубови во светот затоа што го почитував договорот кој го имав овде. За мене иднина е нашиот следен натпревар кој сакаме да го победиме“ –коментираше Французинот.

Венгер ја води екипата на Арсенал од 1996 година и со лондонскиот тим освои 17 трофеи од кои три наслови шампион на Англија, но за жал на навивачите на „Топчиите“ последната титула во Премиер лигата му е од пред 14 години.