„Верати е многу важен играч за ПСЖ“

Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати во изминатите денови се поврзуваше со трансфер во ПЛ, односно во Челси.

Сепак, тренерот на ПСЖ, Емери пред натпреварот во Лига 1 изјави дека Верати е многу важен играч за неговата екипа и дека има многу квалитет.

„Тој е многу важен. Тоа е фудбалер со многу квалитет. Тој донесува квалитет на тимот и своите соиграчи.“

„Не постојат многу фудбалери кои играат како него. Тој е еден од најважните играчи на ПСЖ. Кога сте негов тренер, се е полесно. Тој сака да игра секој ден и тоа е многу важно за нас.“

Да потсетиме, Верати во ПСЖ стигна во летото 2012 година од Пескара.