Верати на чекор да се врати во својата татковина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марко Верати би можел многу лесно да биде една од ѕвездите на зимскиот трансфер период. Имено, се очекува одличниот Италијанец во јануари да го напушти ПСЖ и да си замине во нова средина.

Заинтересирани има премногу, најмногу се споменува Челси, но изгледа дека тој ќе се врати во својата татковина.

Дали ќе остане во Париз до крајот на неговиот живот? Ве уверувам дека нема, има и некои понуди од Италија, но не можам да кажам ништо повеќе во овој момент. Постојат многу тимови кои се заинтересирани за него, но за повеќе ќе мора да ги прашате луѓето од ПСЖ“, изјави Доналдо Ди Кампли, агентот на играчот.

Веќе долго време знаеме дека Интер и Јувентус се заинтересирани за играчот, останува да видиме кој ќе победи во битката за овој играч.