„Верувам во своето тело и глава, зошто да престанам да играм фудбал?“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти нема намера да се прости од фудбалот.

    Иако има 40 години, а договорот со Рома му завршува на крајот од сезоната, Тоти сепак нема намера да се пензионира.

    Тој изјави дека верува во своето тело и глава.

    „Во фудбалот никогаш не се знае. Имав намера да се простам минатата година, а тоа често се случува во фудбалот, особено ако работите не одат на добро. Сепак, верувам во својата глава и тело. Уште можам да понудам многу и се чувствувам добро.“

    Да потсетиме, тој оваа сезона одигра 6 натпревари во Серија А и постигна 2 голови.